Јане Ченто, кој денеска беше осуден на 15 години затвор, како обвинет во случајот „27 април“, не побара да се брани од слобода до правосилност на пресудата, бидејќи, како што рече, секако ќе биде напишана некоја службена белешка со која ќе биде вратен во притвор.

Јане Ченто беше осуден на 15 годишна затворска казна за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Не се плашам од затворот. Вие ме осудивте, историјата ќе нè ослободи. Еден ден ќе огрее сонцето на слободата. Да живее Република Македонија, рече Ченто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.