На 19.09.2020 во 14.25 часот во Полициско одделение Групчин било пријавено дека во с.Рогле, Општина Желино, во куќа во сопственост на А.С.(28), настанал пожар, при што објектот бил целосно опожарен, информираат од МВР.

Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Тетово.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа при СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.