Полициски службеници од СВР Скопје на 18-ти овој месец го лишиле од слобода Р.Ј., за кој СВР Скопје – Единица за недозволена трговија, поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство-Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 01.05.2020 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и Единицата за интервентна полиција, по претходно добиена судска наредба, извршен е претрес на дом и други простории кај Б.З. и во пошироката околина помеѓу ул.„Алпи“ и ул.„Коце Металец“, при што биле пронајдени: автоматско огнено оружје со навој на пригушувач, две рамки со 34 куршуми кал.7,65 мм и пригушувач, две автоматски пушки, полуавтоматска пушка „Берета“ со празна рамка и рамка за автоматска пушка со 18 куршуми, автоматско огнено оружје со навој за пригушувач, пригушувач и рамка со 20 куршуми, како и пет пакувања со 2382 грама хероин, се појаснува во денешното соопштение од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.