Веќе три недели како исчезнал штитеник од Јавната установа „Ранка Милановиќ“. Вработена од установата дури пред три дена го пријавила случајот во полиција. Надлежните молчат.

Како што информираат денеска од МВР, 19-годишниот штитеник Ж.Р., кој бил сместен во „Ранка Милановиќ” ја напуштил установата на 28 декември во вечерните часови и повеќе не се вратил.

Вработена во Јавната установа „Ранка Милановиќ“ пријавила дека на 28.12.2018 часот од домот во непознат правец самоволно се оддалечил нивен штитеник Ж.Р.(19) од Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од полициската станица Гази Баба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.