Двајца разбојници пукале во воздух при грабеж на бензинска пумпа во Бутел дознава 24 инфо.

Разбојништбото се случило по 23 часот на улицата Александар Урдаревски во пумпа на Макпетрол.

Според очевидци, арамиите со пиштоли им се заканиле на вработените по што испукале курѓум во воздух, ги зеле парите и избегале со автомобил.

Ова е втор грабеж вечерва откако претходно во Драчево беше огрбена обложувачница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.