Вчерашната сообраќајка е само една од низата незгоди, кои, за жал, се сè почести на булеварот ,,АСНОМ‘‘. Сударот помеѓу „сузуки балено“ и комбе „фолсваген“ се случи кај семафорите кои не функционираат повеќе од три месеци. Ситуацијата била толку сериозна што морале да интервенираат и пожарникарите кои со специјални клеши со сечел автомобилот за да ги извадат повредените.

Како што анализира „Сител“, нефункционалноста на сигнализацијата на новиот широк булевар, во ноќните часови ги мами и нелегалните тркачи со кои и мотори, кои не само што предизвикуваат неподнослива бучава туку и ја загрзуваат безбендоста на учесниците во сообраќајот. Од град Скопје велат дека се уште не е комплетирана опремата за семафорите.

Сè уште не е подготвена опремата на булеварот ,,АСНОМ‘‘. Семафорот поставен пред извесен период, ќе биде ставен во функција до крајот на месецот, велат од Град Скопје.

Министерот Спасовски признава дека светлосната сигланизација сè уште е проблем во градов.

Наспроти сè почестите фалби на несовесните возачи на социјалите мрежи, министерот за внатрешни работи Спасовски тврди дека од почетокот на годинава за 40 проценти е намален бројот на сообраќајки кои резултираат со смрт. Според податоците на МВР во изминативе три дена биле казнети 1.463 возачи од кои 237 за брзо возење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.