Синоќа околу 21 часот на Полициската станица за Граничен премин Табановце, на излез од Р. Македонија, при извршена пасошка контрола на И.П.И. (40) од Бугарија, кој бил со патничко моторно возило „Пежо 406“ со бугарски национални ознаки, било констатирано дека возачката дозвола била фалсификувана.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.