Вчеравечер во 20.00 часот во Полициската станица Струмица, поради сомнение за  криумчарење бил приведен бугарскиот државјанин Г.С.К.(45).

На магистралниот пат во близина на с.Сушица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица извршиле преглед на товарно возило „волво“, кое го управувал Г.С.К., при што пронашле и одзеле 2.000 кутии цигари.

За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.