Екипа на Брза помош мораше да интервенира денеска во Кривичниот суд, откако за време на рочиштето за убиството на Пино Секондо, на сведок од обвинителството му се слоши.

Додека го даваше својот исказ, на сведокот Рамиз Али му се слоши, по што судот даде триесетминутна пауза. Судењето продолжи откако медицинската екипа на сведокот му даде терапија за смирување. Сведокот продолжи да одговара на прашања на обвинителката за тоа што видел и засведочил критичната вечер со Али Фуркан, кој е првоосомничен во случајот и по кого полицијата сè уште трага.

Дваесет и двегодишната скопјанка Ангела Ѓорѓиевска е обвинета како соучесник во убиството на тогаш 26-годишниот Секондо, настан што се случи на 11 декември лани.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.