Петгодишно дете со тешки повреди било донесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ вчеравечер.

По преземени мерки од страна на СВР Скопје, било констатирано дека околу 18.00 часот на ул.„Лука Геров“, откако неговиот татко Е.К. го запрел патничкото возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, за да пренесе товар, другото негово тригодишното дете во возилото ја спуштило рачната кочница. Поради ова возилото се придвижило и со предното тркало удрило во петгодишното дете.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.