Апелациониот суд денеска треба да се изјасни за барањето на одбраната на првообвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски да излезе од притвор. Тие се надеваат на позитивни вести откако вчера судечкиот совет, на чело со судијката Васка Николовска Масевска, се изјасни дека не се иполнети условите тој да излеле од притворското одделение.

Боки бара поблага мерка, односно домашен притвор за да ја добие потребната нега поради нарушеното здравје. Згора на тоа, го убедува судот дека нема да бега и оти редовно ќе се појавува на рочиштата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.