Во судот беше презентирана и комуникација помеѓу Бојан Јовановски и Лила Стојановска.

Водителката во порака го информира Боки банката не го прима „ИБАН-от“ (интернационален број на банкарска сметка) од извесен Владо.

Во друга порака пак Лила му пишува дека во ресторанот „Уранија“ влегле Орце Камчев и Наташа Савова.

Стока, ѝ вратил Боки на Лила.

Претходно на денешното рочиште за „Рекет“ беа читани повеќе комуникации од телефонот на обвинетиот Јовановски. Меѓу другите, објавени се и пораките помеѓу него и Зоран Заев, како и оние со адвокатот Васил Димишков и синот на Цветан Панделески, Дејан.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.