Првообвинетиот во “Рекет” Бојан Јовановски -Боки 13 од вчера e задржан на интензивна нега во болницата 8-ми септември, објави Канал5.

Боки 13 ноќта ја поминал под лекарски надзор откако претходно докторот во притворот побарал од судот тој да биде пренесен во болница.

Информацијата дека Бојан Јовановски е заджан во ГОБ 8-ми септември ја потврдија и од затворот во Шутка и неговиот адвокат Сашко Дуковски, но каква е неговата мометална здравствена состобја не е познато.

Извори од затворот велат дека Боки 13 постојано се жалел дека има проблеми со здравјето.

Пред десетина дена неговиот адвокат Дуковски на прес конференција тврдеше дека Јовановски има сериозни здравствени проблеми и дека никој не сака да издаде решение за негова хоспитализација, но дел од медицинските установи ги демантираа наводите на бранителот . Дуковски посочи дека Боки 13 има нефункционален бубрег и проблеми со желудникот.

Првото рочиштето за случајот “Рекет” е закажано за 3-ти декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.