Бојан Јовановски во денешното обраќање  пред Апелацискиот суд, од кого се чека одлука дали ќе биде пуштен во куќен притвор, се осврна на пуштањето во домашен притвор на Зоран Милевски Кичеец, кој подоцна го призна делото.

Зоран е пуштен за да ѝ даде некакви снимки на Рускоска. Тоа е мое мислење, рече Боки.

Според него, целта е по секоја цена да се држи во притвор.

Ме држат небаре сум ги украл парите од граѓаните, а тие што навистина ги украдоа парите од граѓаните се на слобода, смета Јовановски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.