Бојан Јовановски, познат како Боки 13 утринава итно е пренесен во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, дознава „Фактор“.

Според болнички извори, Боки 13 имал силно воспаление на желудникот, поради што му се прави операција.

И претходно, додека траеја судските рочишта за случајот „Рекет“, Боки 13 често се жалеше дека има сериозни здравствени проблеми.

За овој случај Јовановски беше осуден на казна од девет години затвор.

Тој досега поднесе кривични пријави за најмалку 30 лица во скопското обвинителство кои се поврзани со случаите „Рекет“ и „Меѓународен Сојуз“ и се однесуваат на злоупотреба на службената положба, несовесно лекување, измама, и така натаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.