Бојан Јовановски денеска повротно е хоспитализиран, откако се пожалил дека му се слошило и дека има проблем со желудникот, пренесува „Алсат“. Првоосумничениот во „Рекет“ од истражниот затвор бил итно пренесен во градската болница „8-ми Септември“.

Боки вчера до судот поднел документацијата за влошена здравствена состојба. Документацијата ја доставил до судија на претходна постапка за укинување на притворот.

За време на претходната посета на судот му се слоши и тој беше изнесен да му биде укажана лекарска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.