Во Апелациониот суд, Бојан Јовановски утрово на јавна седница ја образложи својата жалба со која бара укинување на мерката притвор.

Покрај тоа што мојот бранител наведе дека сум два пати неуспешно опериран, би додал дека мојата состојба е живото загрижувачка. И покрај волјата на затворскиот лекар да помогне, во затворот нема услови. Дури 81 ден немам соодветна лекарска помош. Операциите се по сопствена волја, но со лекарска грешка. Некаков нерв од желудникот ми е пресечен и затоа ми се враќа храната. Имам проблем и со белите дробови, рече Јовановски пред Апелационите судии.

Тој додаде дека тоа што физички изгледа добро, не ја отсликува неговата здравствена состојба.

Треба да бидам жив и здрав, а не мртов. Исто така нема да бегам, ниту мојот ментален склоп укажува дека би се дал во бегство. Кога бев лишен од слобода не бегав, туку имав уплатен одмор во Грција. Живеам за докажување на вистината за овој случај и за докажување на мојата невиност. Ќе учествувам во фер кривично правна постапка. Го молам судечкиот совет мене ми е неопходно строго хигиенско лекување и затоа да ја уважи мојата жалба, рече Јовановски.

Јовановски како осомничен во „Рекет“ бара мерката притвор да му биде заменета со поблага мерка.

 

Фокус.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.