Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) утврдил дека Бојан Јовановски, познат уште и како Боки 13 бил 25 пати прегледан во затворот „Скопје“ каде што се е во притвор.

Во врска со објавените информации во електронските медиуми од страна на адвокатите на Бојан Јовановски, кои обвинуваат за лекарска негрижа, во однос на неговата здравствена состојба, од страна на ДСЗИ на ден 20.11.2019год. извршен е вонреден инспекциски надзор во ординацијата која се наоѓа во склоп на КПУ Затвор „Скопје“, а е дел од ЈЗУ Здравствен дом Скопје. Од извршениот увид во медицинската документација притворениот Ј.Б. првпат побарал лекарска помош на ден 16 јули годинава,  при што е прегледан и му е ординирана терапија. Во периодот од 16.07.2019 год па до 13.11.2019 год. за пациентот евидентирани се вкупно 25 прегледи при што се издавани специјалистички и болнички упати до здравствени установи на секундарно и терциајрно ниво (болнички здравствени установи), соопштија од ДСЗИ.

Како што утврдиле од Инспекторатот, упатите се давани со предходно медицинско известување до надлежниот суд за добивање на согласност за понатамошно лекување, но во дел од случаите пациентот е пратен со Итна медицинска помош до одредена здравствена установа во интерес на побрзо добивање здравствена услуга, за што постои уредна евиденција.

Од извршениот вонреден инспекциски надзор, не се констатирани недостаоци во надлежности на ДСЗИ, велат од Инспекторатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.