Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во близина на селото Радишани, јавува „Алсат“.

Според првичните информации „БМВ“ со голема брзина удрило во полициско возило марка „Јети“. Повредени се двајца полициски службеници кои биле на работна задача.

Причините за несреќата, допрва ќе се утврдуваат.

На лице место извршен е увид, а повредените се пренесени во болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.