Вчеравечер во 20.15 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„Мајор Чеде Филипоски“ во Гостивар, патничко возило „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Е.(32) од с.Лакавица, удрило во пешакот Р.А.(58) од с.Здуње и во уште еден малолетен пешак.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетниот пешак, а со телесни повреди Р.А., констатирани во Ургентниот центар во Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.