Шест млади лица се повредени при излетување со возило на патот Тетово-Попова Шапка кај селото Лисец. Тетовската полиција информира дека незгодата се случила ноќеска, еден час по полноќ.

Патничкото моторно возило „БМВ“ со тетовски регистарски таблици, управувано од 19-годишниот Т.Т. од Лисец, излетало од коловозот во близина Лисец. При тоа возачот и петте сопатници во возилото на возраст од 16,18,19 и 20 години се повредени. Тие се пренесени во Тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово

Полицијата извршила увид на местото на сообраќајната незгода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.