Вчера околу 18 часот на автопатот „Мајка Тереза“ на мостот над локалниот пат кој ги поврзува с.Бојане со с.Ласкарци, патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(45) од Гостивар, излетало надвор од коловозот и удрило во бетонски ѕид од мост.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.