Доцна попладнето во текот на вчерашниот ден во кафулето „Манго“ во населбата Кисела Вода, се случил инцидент, при што дел од гостите грубо им се спротивставиле на полициски службеници, кои во моментот вршеле контрола.

Како што објави „Нетпрес“, во локалот, заедно со лицата кои ги навредувале полицајците, бил и поранешниот советник на Зоран Заев, Филип Андов Сокол, кој од неодамна е назначен за директор на затворот Шутка.

Групата почнала да се конфронтира со полицијата бидејќи кафулето требало да се затвори поради истекот на работното време, кое во е до 18 часот. Со пцовки и закани кон полицијата, две лица кои седеле на иста маса со Андов одбивале да си заминат од кафулето, а расправијата се вжештила надвор, пред локалот.

Поднесени се прекршочни пријави, по четири различни основи за двајцата кои биле со Андов, но не и за него. Пријавите се за неносење маска, дрско однесување, непослушување наредба и оддавање на пијанство на јавно место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.