Четворица ученици од ОУ „Коле Канински“ од Битола се самоповредиле со сечење вени, дознава „Телевизија 24“.

Директорот на ОУ „Коле Канински“ од Битола, Зоран Мирчевски го потврди случајот. Тој истакна дека се се случило надвор од училиштето и за сè се информирани и МВР и родителите. При контрола на полицијата, кај еден основец пронајден е нож во истото училиште.

Според информациите на телевизијата, бројката на деца во Битола кои се одзвале на предизвиците од опасните интернет игри „Момо“ и „Синиот Кит“  е далеку поголем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.