Во полициска станица Кичево вчера било пријавено дека на улицата „Рудничка” во Кичево, патничко моторно возило марка „ауди а 3″ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(45) од Битола, удрило во А.Џ.(22) од село Пласница, Македонски Брод.

Стефан Димоски од СВР Охрид информира дека во сообраќајната незгода пласничанецот се здобил со тешки телесни повреди што биле констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

На местото на незгодата увид извишила полициска екипа од ОВР Кичево. Причините за сообраќајната незгода допрва ќе се утврдуваат, додаде Димоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.