Двајца лекари гинеколози се суспендирани на битолската Гинекологија откако едниот од нив ја повикал својата сопруга која инаку е странски државјанин и невработен гинеколог да учествува во изршување на породување со царски рез на една жена. Извори за „Независен“ велат дека еден од гинеколозите за време на породувањето ја внесол својата сопруга и целата работа со породувањето и ја оставила на неа. Овој скандал според информациите на „Независен“ се случил во почетокот на јануари, оваа година.

По скандалот кој го стресе одделението за гинекологија на Битолската болница, еден од вработените во таа болница го пријавил случајот во полицијата. Од СВР Битола за „Независен“ неофицијално го потврдиле случајот и изјавиле дека се подготвуваат кривични пријави за двајцата гинеколози.

Еден од суспендираните гинеколози е Гоце Чакаровски, поранешен заменик-министер за здравство и национален координатор за здравство во владата на Зоран Заев. Тој за „Независен“ потврдил дека е суспендиран, но не ги изнел деталите.

Инаку, породувањето на крај било успешно и затоа роднините на родилката не изреагирале на овој скандал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.