Новороденчето што вчера беше оставено на тротоар во скопската населба Топанско Поле, се опоравува на Клиниката за детски болести. Иако бебето било оставено во несоодветни услови, сега е во добра општа состојба.

Се работи за машко новородено, со родилна тежина 2400 гр , згрижено е на одделот за неонатологија, неговата здравствена состојба е добра, превземени се сите неопходни мерки во вакви случаеви, сооптија од Клиниката.

Бебето било оставено голо во тревата и било пронајдено од случаен минувач, кој веднаш пријавил во полиција. Бебето потоа со возило на брза помош било пренесено во клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Од полиција велат дека работат на откривање на идентитетот на мајката и околностите во кои новороденчето било оставено во тревата веднаш по раѓањето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.