Истрагата околу смртта на четворицата руски туристи, кои синоќа беа понајдени мртви во сауна во хотелот “Глорија“ во турстичката зона Ќерет кај Каваја, се проширува и во  Македонија.

Тоа, спорд агенцијата Балкан веб, од причина што тие во текот на вчерашниот ден престојувале во Орхид.

– Откривањето нови детали, ја прошири истрагата. Во текот на вчерашнот ден тие патувале за Македонија, а по ручекот во Охрид, се вратиле во хотелот “Глорија“ каде што престојувале. Претходно, полицијата соопшти дека се сомневаат дека туристите починале од гушење, но не е исклучено тие да биле под дејство на алкохол. Исто така, дел од истрагата е и патувањето на туристите во Македонија, за евентуално труење со храна или консумирање психотропни супстанции, наведува агенцијата.

 

(фото: Министерство за економија)

Во своето сведочење пред истражниот тим, една од вработените во хотелот им кажала на обвинителите дека било околу 22:30 часот кога отишла во просторијата за сауна, каде што биле двете брачни двојки, и неколкупати тропала на вртата, за да ги извести дека пијалоците и овошјето што ги нарачале ги однела во нивните соби, но откако не реагирале, влегла внатре каде што ја видела и шокантната слика.

Брачнот пар Наталија Буренкова (58), Сергеј Буренков (60), нивната ќерка Екатерина Буренкова (31) и нејзиниот сопруг Никита Белоусов(37) во Албанија допатувале на одмор минатата недела, преку туристичка агенција, кое за жал било и нивното последно патување. Заедно со нив допатувале и други четворица руски туристи.

Во експертизата, по барање на Амбасадата на Руската Федерација во Тирана, ќе бидат вклучени и стручни лица од оваа земја

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.