Машко безживотно тело претпладнево е пронајдено на Шар Планина по што полициски службеници од Тетово со  хеликоптер заминале до местото за да направат увид. Според пријавата, станува збор за тешко пристапен терен во реонот на врвот Кобилица.

– Околу 10:55 во СВР Тетово се јавило лице кое се претставило како планинар и пријавало дека забележал безживотно машко тело над селото Вејце и на пат за врвот Кобилица. Според неговата изјава, до телото имало и торба. По овластување на јавен обвинител, екипа на СВР Тетово замина до местото за да се направи увид, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

По наредба на тетовското Обвинителство, телото ќе биде предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.