На 18.04.2020 во 05,45 часот во СВР Битола, било пријавено дека во Прилеп во близина на месноста викана „Шарена чешма“ на улица било забележано паднато машко лице.

Од страна на полициски службеници излезено е на лице место и на ул.„Браќа Ламески“-Прилеп, пронајдено било безживотно машко тело, со видлива повреда на главата, за кое е утврдено дека е Р.Р(73) од Прилеп.

Од доктор од Итна медицинска помош констатирана била смрт. Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп, соопшти денеска МВР. По наредба на Јавен обвинител телото е дадено на обдукција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.