Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.М (34) од Скопје поради сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење“.

Како што информираат од МВР, пријавениот во текот на септември годинава, како физичко лице во својство на инвеститор, почнал градежни активности на катастарска парцела во Чаир, на парцела со вкупна површина од 11.042 м2, на која е сосопственик пријавениот со уште неколку други физички лица и Република Македонија.

Градежните работи коишто се состоеле од поставување ограда, пополнување со земја на поголем дел од парцелата и поставување монтажен објект, пријавениот ги извршил без да обезбеди Одобрение за градење од надлежниот орган, со што го сторил кривичното дело.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.