Во беровската полиција вчера било пријавено дека на место викано „Курилово“ Б.Т.(63) од Берово управувајќи трактор на сопствениот имот изгубил контрола, се превртел и паднал под тракторот, по што починал на местото на настанот.

Увид на местото извршил Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Берово. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.