Полицијата уапсила дилер на кокаин од Прилеп, кој бегајќи од полицијата се повредил, информираше МВР.

Се работи за Д.Д.(36) против кого ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

– На 20.02.2019 полициски службеници од СВР Битола, Оделението за недозволена трговија, надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп- одделение за недозволена трговија, во содејство со Единицата за недозволена трговија при оделението за крим полиција при Бирото за јавна безбедност Скопје го лишија од слобода Д.Д., кај кого е пронајден кокаин. На булевар Александар Македонски во Прилеп при обид да биде сопрено возило, возачот Д.Д.се дал во бегство и низ прозорецот почнал да фрла кокаин. Потоа го сопрел возилото и продолжил да бега, при што прескокнувајќи ѕид се здобил со повреди. По преземени мерки, лицето е лишено од слобода и по целосно документирање на случајот во текот на денот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.