Вчера во 12.50 часот СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено 16-месечно женско бебе од Скопје со повреди.

Во разговор со полициските службеници мајката на бебето, А.М.С.(21) од Скопје изјавила дека во понеделникот околу 12.00 часот нејзиниот партнер С.И.(34) од Скопје, со кого живеела вонбрачно, го ставил бебето во детско седиште и со своето возило го однел кај дадилката Л.Д.(55) од Скопје. Според нејзината изјава, истиот ден дадилката ѝ пријавила дека кога го земала бебето од И.С. забележала дека има повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.