Кумановец уценувал девојка дека ако не му даде 3.000 евра ќе објави нејзини фотографии, соопшти полицијата.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.А.(27) од село Љубодраг, Кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На 19. мај годинава на социјалната мрежа „Facebook“, од негов профил, пријавениот ѝ се заканил на девојка од Куманово дека ќе објави нејзини фотографии со компромитирачка содржина доколку не му даде 3.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.