Штипската полиција поднесе кривична пријава против жена на возраст од 72 години, со иницијали Д.И., поради сомнение за сторено кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што информираат од МВР, на 13 декември минатата година пријавената постапила спротивно на решението за самоизолација, издадено од Државен санитарен и здравствен инспекторат и го напуштила местото на самоизолација при што отишла да пазарува во продавница во Штип.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.