На патот Скопје – Петровец, кој мештаните го нарекуваат патот на смртта, секојдневно се случуваат сообраќајки. Од почетокот на годинава имало две жртви, и неколкумина повредени. Се работи за фреквентен пат кој поврзува многу населени места, каде што сообраќајките и покрај тоа што се секојдневна глетка, недлежните институции не реагираат, а мештаните велат дека немаат повеќе луѓе за гинење, пишува весникот Вечер.

Во саботата попладне кај надвозникот кај скопското село Трубарево за малку фалело да дојде до вистинска трагедија кога автомобил се излизгал од асфалтот, удрил во дрво, и сопрел при што било оневозможено да падне во амбисот длабок околу 12 метри.

Според полицијата, сообраќајката се случила во саботата во 18:35 часот кај надвозникот во Трубарево кога од засега се уште непознати причини дошло до судир на автомобилите “фолксфаген пасат” со скопски регистарски таблички управувано од Ж.Д. (37), од Скопје, “сеат кордоба” управувано од Д.Р. (40) и „опел астра”, сопственост на МВР, управувано од Г.С. (44) од Скопје. Во сообраќајката со телесни повреди се здобил возачот на “кордобата” и неговата сопатничка.

„Фолксвагенот” како виси со задните тркала над амбисот и денеска бил нем севдок на местото на настанот. Таму екипата на Вечер ги затекнале роднините на лицата кои што биле во „полото“. Биле видно вознемирени од тоа што се случило и не сакале да коментираат за настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.