Четири лица се повредени откако автомобил ауди со струмички регистарски ознаки излета од патот Берово-Струмица. Несреќата, информира МВР се случила вчера вечерта во 20:40 часот.

Во незгодата возачот И.Г.(39) од Радово и тројца сопатници Н.С.(37) од с.Просениково, М.А.(39) од Струмица и В.М.(37) од с.Добрејци, се здобиле со повреди констатирани во Медицинскиот центар Струмица, велат од полицијата.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Берово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.