Повредените и семејствата на жртвите во несреќата од 13 февруари кај село Ласкарци треба да ги обезбедат потребните документи и да ги достават во осигурителната компанија Еуросиг за да добијат оштета. Овој повик го упати директорот на компанијата Еуросиг. Тој изрази сочувство до семејствата на настраданите, објави телевизија 21.

Упатив апел до семејствата да достават документација што поскоро. По три дена компанијата ќе изврши исплата. Им посакувам што поскоро закрепнување“, изјави Кадри Моринај.

За повредените ќе се исплатат од 4.500 евра, а за семејствата на настраданите до 9.000 евра.

Оштетата ќе се врши според возраста и случаите, така како што предвидува законот. Вкупната сума изнесува 675 милиони евра“, додава Моринај.

Автобусот на компанијата Дурмо Турс имал осигурување и според законот, во случај на несреќа, на патниците им следува оштета.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.