Вчера околу пладне било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Велес, кај населбата Дрма, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно моторно возило „застава“, со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Р. (27) од Струмица и автобус „јутонг“, со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Ц. (28) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи, како и патниците во автобусот Ф.Ц. (29), К.Т. (36) и П.А. (18), сите од Скопје, по што биле пренесени во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.