Во пожар целосно изгоре автомобил „опел астра“ со скопски регистарски ознаки. Повредени лица и штета на други возила нема.

Од МВР за МИА информираат дека вечерва во 20.05 часот добиле пријава дека на булевар „Кочо Рацин“, во близина на ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје има пожар – гори возило.

Полициски службеници излегле на местото на настанот при што е констатирано дека лицето Т.С. (21), додека го управувал моторното возило „опел астра“, од под хаубата почнало да излегува чад, а потоа за кратко време возилото целосно изгорело.

Пожарот е локализиран од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје (БППЗ).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.