Вчера околу 15 часот на булевар „Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки упраувано од Љ.К.(56) од Скопје и велосипед управуван од Д.Б. (61) од Скопје.

Во незгодата Д.Б. се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.