Вчера околу 15 часот на крстосницата од булевар „АСНОМ“ и улица „Февруарски Поход“, населба Ново Лисиче, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Опел Астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.А. (47) од Скопје и патничко возило „Сеат Ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(19) од Скопје.

Во незгодата со повреди се здобиле возачот на возилото „Сеат Ибица“ и М.С. (20) од Скопје, сопатничка во истото возило. На повредените им била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.