Вчера околу 16 часот во СВР Скопје на булевар „Крсте Мисирков“, полициски службеник бил удрен од патничко возило „Фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.М. (28) од с. Арачиново, скопско.

Имено, при обид на полициски службеници да го легитимираат Ш.М. заради сообраќаен прекршок, тој одбил и со возилото го удрил полицискиот службеник.

Ш.М. е приведен во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.