Во полициска акција во Арачиново, вчера по претреси на две локации, од слобода бил лишен Љ.А.(31) од Арачиново, скопско, кај кого се пронајдени хероин, хашиш, марихуана, куршуми и преса за дрога.

Како што соопштија од МВР, по претходно добиени оперативни сознанија, во текот на вчерашниот ден бил извршен претрес на две локации во село Арачиново, при што кај Љ.А. биле пронајдени и одземени две полиетиленски ќеси со околу 1,5 килограми хероин, една полиетиленска ќеса хашиш, четири полиетиленски пакувања марихуана, осум куршуми, една рачна преса за пресување опојна дрога и една хидраулична дигалка.

Осомничениот e приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а од полицијата информираат дека по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.