Полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје денеска во 11.20 часот на улица „Скупи“ во скопската населба Злокуќани ја лишиле од слобода Н.С.(25) од Струмица, со место на живеење во скопско Трубарево.

Како што информираа од МВР, за неа била распишана централна потерница по наредба од Основниот суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело „напуштање немоќно дете“ по член 200 од Кривичниот законик.

Таа ќе биде предадена на надлежна казнено поправна установа за издржување на казната.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.