Вчера и завчера полицијата апсеше за дрога на повеќе локации низ Скопје.

На 09.12.2022 во 04.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Д.С.(40) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја.

На 08.12.2022 во 12.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.М.(22) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

На 08.12.2022 во 14.50 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ѓ.М.(34) од Скопје, затоа што кај него бил пронајдено и одземено масло од канабис.

На 08.12.2022 во 23.00 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода И.Ш.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По документирање на сите поединечни случаи против сторителите ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.