Апелациониот суд Скопје ја укина пресудата од 9 години затвор за поранешниот помошник – министер во МВР Ѓоко Поповски за незаконска набавка на 300 возила за МВР, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.

Како што пишува порталот автоматски се укинува и обврската да му ја надомести штетата на МВР од 28 милиони денари во овој предмет на СЈО познат како „Триста“.

Пресудата на 22 мај му ја изрече судијката Добрила Кацарска. Апелациониот суд ја укинал пресудата и ја вратил на повторно судење во Основниот суд Скопје 1.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.