Апелацискиот суд ја потврди првостепената пресуда за случајот „Диво Насеље“, односно сега и правосилно се осудени обвинетите, од кои седумина на доживотен затвор. Информацијата за „Фокус“ ја потврдил судијата Сафет Кадриу.

Покрај осудените на доживотен затвор, за терористичкиот напад во кумановско Диво Насеље, 13 обвинети добија казна од 40 години затвор, по 20 години добија петмина обвинети, две години помалку доби еден обвинет, а по двајца обвинети добија казна затвор од 14, 13 и 12 години.

Четворица од обвинетите, пак добија и ослободителна пресуда бидејќи како што пред две години истакна судијката Верка Петровска, а сега и Апелација потврди, обвинителството не доставило доволно докази.

Во терористичкиот напад во Куманово во 2015 година беа убиени осум припадници на МВР, а четириесет беа повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.