Во моментов во село Колибари, Кичевско беснее голем шумски пожар во атарот на селото. Месната заедница од оваа село излезе со апел до селаните особено младите да се приклучат во гаснењето на овој пожар.

Противпожарната единица од Кичево веќе е на терен и заедно со месното население се борат огнот да го стават под контрола. Тешкотија преставува непристапниот терен, а таму веќе се и преставниците на шумското претприатие „Лопушник”, преставници на Дитекцијата за заштита и спасување и преставници на локалната самоуправа. Во прв план ни е да ги заштитиме куќите и да се стави пожарот под контрола, информира Дарко Гргоски од ППТЕ- Кичево.

Според него се очекува наскоро да интервенираат и авионите за гаснење на пожарот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.